Чарли Ди Амелио изгуби половина милион следбеници поради ароганција: Таа и Дикси се на удар
Сестрите беа непријатни кон готвачот...
Првата епизода од емисијата „Dinner With The D'Amelios“ е објавена во понеделникот, а веќе предизвика контроверзии.
Првиот гостин на семејството беше Џејмс Чарлс, но гледачите ги шокираше арогантното однесување на Чарли и Дикси Ди Амелио, за кое наголемо се зборува.
Познатиот готвач Арон Меј им подготви големи порции, а Дикси целото време беше згрозена од ова јадење, особено кога виде дека во нив има полжави. Го проба, а потоа се сврте и изгледаше како да ќе поврати.
Иако татко ѝ Марк ја предупреди дека претерува, таа продолжи во ова однесување, па ја напушти вечерата за да не отиде да повраќа, на што нејзината мајка Хајди возрати дека тоа е „типичната Дикси“.
Кога се врати на масата, Дикси објасни дека јадењето било добро „освен солениот дел“ додавајќи дека има вкус како пилешко месо, дека кога го пробала солениот дел, ѝ се слошило. Потоа се сврте кон готвачот, прашувајќи го: „И вие имате дете, што мислите дека ќе се случи?“, оправдувајќи ја својата реакција.
Дека е разгалена покажа и Чарли, која на вечерата кажа дека сѐ уште нема 100 милиони следбеници на ТикТок. Иако Џејмс Чарлс ја праша дали 95 милиони не ѝ се доволни, таа одговори дека сака заокружени броеви.
По оваа изјава, бројот на следбеници започна да опаѓа, па досега изгуби повеќе од половина милион.
Гледајте по коментарите на Интернет, се јави и Дикси, која се изјави дека е „благодарна поради она што ѝ е дозволено“ и дека нејзиниот коментар е „изваден од контекс“ и дека никогаш не би навредила некој.
Може да ве интересира: