Разгалени ТикТок sвезди: Сестрите Д’Амелио се однесуваат некултурно кон кулинарскиот шеф за време на вечера со Џејмс Чарлс
Сестрите Чарли и Дикси и нивните родители требаше да уживаат во семејна вечера со инфлуенсерот Џејмс Чарлс, кој го поканија како гостин во првата епизода од нивната нова YouTube серија „Вечера со Д’Амелиос“
Во видеото, 16-годишната Чарли прави чудни гестикулации, додека нивниот личен готвач Арон Меј го опишува јадењето што им го подготвил.
Девојките беа згрозени кога дознаа дека има полжави во традиционалната паела што им се сервира, што ја натера Дикси (19) да испушта звуци со гадење од храната.
Дикси потоа изеде полжав и драматично истрча надвор да поврати.
Видеото е прегледано 6,5 милиони пати, но многу луѓе беа згрозени од нивното однесување.
Чарли и Дикси Д'Амелио се соочуваат со жестоки реакции за нивното ужасно однесување на трпезата и груб однос кон нивниот личен готвач, додека јадеа оброк што тој го подготви.
Во дебитантското видео за нивната нова серија „Вечера со Д’Амелиос“, што се прикажува на нивниот неодамна лансиран семеен канал на Јутјуб, sвездите седнаа да вечерат со своите родители, Марк и Хајди, и нивниот прв мистериозен гостин Јутјуб ѕвездата Џејмс Чарлс.
Епизодата е во тренд на Јутјуб откако беше споделена во понеделникот, но многу луѓе не беа воодушевени од она што го видоа. Критичарите се посветија на коментарите насочени кон некултурното однесување на Чарли (16) и Дикси (19), а многумина инсистираат дека Џејмс (21) е единствениот со манири на масата.