Невидена радост во домот на струмичанката Ангела Котуровиќ: Во кругот на семејството го откри полот на второто дете (ФОТО)
Насмевките на нивните лица кажуваат сѐ...
На изненадување на сите, во една од емисиите од третиот круг, младата струмичанка Ангела Котуровиќ го заврши своето претставување во „Ѕвездите на Гранд“. Никој не знае со сигурност зошто се случи тоа кога таа пееше и изгледаше врвно. Социјалните мрежи се преполни со коментари насочени кон жирито, а одговор нема ни по две недели.
Таа, во овој период не напиша ниту еден коментар на оваа, туку чекаше вистински момент за да се огласи. Имено, откри една преубава вест - дека ќе се оствари во улогата на мајка по втор пат, и за првпат се огласи по повод напуштањето на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.
Сега, на еден месец по ова признание, таа заедно со нејзиниот сопруг и син Ноа, го собраа целото семејство за заедно да го дознаат полот на бебето кое е на пат. На фотографиите кои ги споделија на социјалните мрежи, може да се навидат како возбудени се подготвуваат да дознаат дали малиот Ноа ќе добие братче или сестричка.
Откако дознаа дека семејството ќе биде побогато за уште едно момче, насмевките станаа уште поголеми, а среќата на нивното лице не можше да се избрише. Малиот Ноа исто така беше особено среќен и тоа оправдано, бидејќи за некој месец ќе добие другар за цел живот.
фото: Принтскрин / Фејсбук