Ни тоа што испадна од Ѕвездите на Гранд не ѝ ја расипа оваа среќа: Струмичанката Ангела откри дека е бремена по втор пат (ФОТО)
„Секое лошо за добро е“ - посочи Ангела...
На изненадување на сите, во една од емисиите од третиот круг, младата струмичанка Ангела Котуровиќ го заврши своето претставување во „Ѕвездите на Гранд“. Никој не знае со сигурност зошто се случи тоа кога таа пееше и изгледаше врвно. Социјалните мрежи се преполни со коментари насочени кон жирито, а одговор нема ни по две недели.
Таа, во овој период не напиша ниту еден коментар на оваа, туку чекаше вистински момент за да се огласи. Имено, откри една преубава вест - дека ќе се оствари во улогата на мајка по втор пат, и за првпат се огласи по повод напуштањето на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“.
„Ова го пишувам со измешани емоции, но после бурниот период ние сме повеќе од среќни да ви соопштиме дека BABY NUMBER 2 е на пат и како би рекле старите „Секое лошо за добро е“!
Фала ви на огромната поддршка која ми ја давате изминатиот период и бидејќи подолг период ништо не реков и останав воздржана ќе кажам само едно... „Ѕвездите на Гранд” нема да ме запрат во исполнувањето на моите соништа, а тоа ќе го направам на уште поубав начин со поголемо семејство и најголеми поддржувачи мојот маж, мојот Ноах и моето мало ангелче кое е на пат…
Уште еднаш фала на сите и се надевам ќе останете со мене и кога ќе ми требате најмногу како мои фанови и слушатели на мојата музика!“ - напиша Ангела покрај фотографиите на кои позираат таа, нејзиниот сопруг и малиот Ноах.
фото: Принтскрин / Фејсбук