Никако да падне од тронот: Втора година по ред Кајли Џенер е најмлада милијардерка во светот
Кајли Џенер која има само 22 години, втора година по ред, според Форбс е најмлада милијардерка на светот. Минатата година од тронот го тргна основачот на социјалната мрежа Фесјбук, Марк Цукерберг, кој својата прва милијарда ја заработи во 2008 година, на 23 години.
Минатата година нејзиното прогласување предизвика многу контроверзии, бидејќи јавноста сметаше дека Кајли сето тоа богаство го има стекнато благодарејќи на семејството. Меѓутоа од Форбс дадоа до знаење дека покрај тоа што имала помош од семејството, таа бизнисот не го наследила, туку сама го изградила.
Имено, Кајли во 2015 година ја започна својата козметичка линија Kylie Cosmetics продавајќи комплети кармини за усни по цена од скоро 30 долари. Комлетите се распродадоа за неколкку минути од пуштањето во продажба, а сето тоа беше јасен знак колку е Кајли моќна, пред сѐ на социјалните мрежи каде ја следат повеќе од 270 милиони луѓе.
Минатиот ноември продаде 51% од својот бренд за убавина на Coty Inc и сега нејзиниот цел бизнис се проценува на над 1 милијарда американски долари.