Нина Бадриќ и предвидува голема кариера на нашата Лина!

Нина Бадриќ и предвидува голема кариера на нашата Лина!

Објавена во: Stars // Музика

Веќе добро знаете дека нашата Лина Пејовска моментално се натпреварува во хрватското музичко шоу „РТЛ Ѕвијездице - Љетни хит“ во кое жирира познатата пејачка Нина Бадриќ.

Таа важи за една од најискусните, но и најдобрите пејачки во Хрватска и нејзинито мислење навистина има голема улога во создавањето на сликата за кандидате кои се натпреваруваат. Нина имаше едно интервју за ртл.хр во кое откри интересни детали за ова шоу, но и за нашата претставничка.

На прашањето на кој и предвидува кариера, без разлика дали ќе победи, пејачката Нина Бадриќ одговори: 

„Лина, која е најмлада од сите. Таа има 16 години, а веќе е супериорна во однос на многу кандидати. А зошто велам супериорна? Затоа што Лина ја краси една сериозна одговорност кон музиката. Таа сцената ја смета за свето место и тоа се гледа по нејзиниот пристап и колку се менува кога ќе застане на таа бина. Станува една мала дива, а всушност, кога човек ќе ја сретне надвор од сето тоа, гледа едно девојче кое сега се развива и сонува свои соништа, а помалку е срамежлива. А тоа треба и така да биде! Мислам дека во иднина ја чека навистина голема кариера“.

За потсетување, вечерва се одржува финалето на ова музичко натпреварување, а ние и ја посакуваме сета среќа на Лина.

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: