Ниту родената мајка не ја препозна: Готичарка се трансформираше во „нормална“ девојка

Ниту родената мајка не ја препозна: Готичарка се трансформираше во „нормална“ девојка

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Како изгледа подобро?

Бјанка од својата 12 - та година се облекува и шминка како готичарка, а сега се согласи пред камерите привремено да се трансформира во обична (да не кажеме нормална) девојка. 

Бјанка има борјни тетоважи од кои некои и прекриваат и дел од лицето, а исто така има и голем број на пирсови. Првата тетоважа ја има направено на само 16 години, а призна дека ниту самата веќе не знае колку пирсови има.

„Кога почнав дасе облекувам исклучиво во црно, мајка ми ме молеше да носам розово. Ми купуваше облека која никогаш не ја носев. Понекогаш за празниците облекував нешто црвено за да ја развеселам“ - раскажува таа.

Шминкерите најпрво морале да ѝ ги прекријат тетоважите на Бјанка, потоа да и стават долга руса перика и да ја облечат во елегантна облека, а највпечатлива е реакцијата на нејзината мајка која се гледа дека е во благ шок.

„Ова не е мојата ќерка“ - посочи мајката смеејќи се.

Оваа трансформација на Бјанка воопшто не ѝ се допадна.

„Ова не сум јас. Не изгледам како јас. Не ми се допаѓа облеката. За мене ова е екстремно“ - рече и додаде дека едвај чека да ја отстрани шминката и да се врати на старо.


фото: Youtube printscreen/truly

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: