Нивните лица се насекаде, а немаат социјални мрежи: Познати личности кои не можеме да ги најдеме на Инстаграм и Твитер

Нивните лица се насекаде, а немаат социјални мрежи: Познати личности кои не можеме да ги најдеме на Инстаграм и Твитер

Објавена во: Мода // Moj стил

Откријте кои познати личности не ги сакаат социјалните мрежи како Инстаграм и Твитер.

Денес е потполно нормално да одиме на Инстаграм за да видиме што прават нашите пријатели, а поеднакво сме навикнати да ги гледаме и нашите омилени актери и пејачи, кои на социјалните мрежи даваат увид во својот секојдневен живот. Но, не сите познати личности се толку отворени по ова прашање.

Во продолжение дознајте кои познати ѕвезди моментално не можете да ги најдете на социјалните мрежи и зошто:

# Мила Кунис

Прекрасната актерка често се појавува на Инстаграм профилот на својот сопруг, Ештон Кучер, но за себе тврди дека нема да отвори сопствен профил за брзо време: „Ештон беше многу отворен за социјалните мрежи кога целта им беше да се поврзат со останатите луше. Но, кога се започна да оди во лоша насока и почна натпреварувањето кој ќе биде најлуд, најгласен и најнегативен, тогаш сфатив дека играта и не е толку забавна.“

# Даниел Редклиф

Иако социјалните мрежи се иделано место за промоција на новите филмски проекти, овој познат актер одбива да инсталира Фејсбук, Твитер и Инстаграм. Зошто? Бидејќи сака да ја сочува приватноста. Во едно интервју кажа: „Така ми е многу полесно. Доколку одите на Твитер и на сите им зборувате што правите во одреден момент, тогаш луѓето нема да ве сфатат сериозно, доколку почнувате да тврдите дека си го сакате приватниот живот.“

# Мери Кејт и Ешли Ослен

Некогашните трендсетерки беа насекаде - во нашите омилени тин филмови и во сите модни магазини. Но, никогаш не можевме да ги најдеме нивните онлајн профили. За своето избегнување на социјалните мрежи рекоа: „Не влегуваме во тој свет, немам Фејсбук, ниту Инстаграм, па никогаш не сме се поврзувале со обожавателите на тој начин. Оставме многу заштитени по ова прашања.“

# Кристен Стјуарт

Познатата актерка која имавме можност да ја гледаме во „Самрак“ отсекогаш отворено зборуваше за одбивноста која ја чувствува кон социјалните мрежи: „Сите го зборуваат ова и знам дека звучам како стара личност, но постојат доколку кул работи кои би можеле да ги правиме. Социјалните мрежи ни одземаат многу време“.

# Роберт Патинсон

Колегата и поранешното момче на Кристен го дели истото мислење. Изјави дека смета дека на повеќето луѓе не им е грижа што прават тој и останатите познати личности. Освен тоа, наведе дека е „стар и здодевен“ и поради тоа го нема на социјалните мрежи.

# Рејчен МекАдамс

Рејчел имавме можност да го гледаме во многу филмови поради кои стана планетарно популарна, а познатата русокоса призна дека ја нема на социјалните мрежи, бидејќи е многу лоша со технологијата: „Слушам вести на радио. Немам телевизија и многу сум лоша во пишувањето на е - маил. Многу сум неука.“

# Скарлет Џонасон

Уште една позната русокоса актерка која нема профили на социјалните мрежи. Но, за разлика од Рејчел, Скарлет го избегнува онлајн светот, бидејќи воопшто не и се допаѓа: „Сето тоа ме излудува. Не ја разбирам човековата потреба за да се споделува се. Често мислам дека луѓето самите себе се искористуваат само за да би се почувствувале видени.“

# Бред Пит

Згодниот актер во една прилика се насочи кон прашањето дали некогаш ќе направи профил на социјалните мрежи со изјавата: „Тоа никогаш нема да се случи.“ Потоа пред се поправи самиот себе додавајќи: „Звушност, никогаш не вели никогаш. Животот ми е навистина добар и без социјалните мрежи. Не гледа цел во тоа.“ Познато е дека Бред и неговата поранешна жена Анџелина Џоли најмија тим кој ќе ги следи содржините со кои нивните деца ќе се сретнуваат на социјалните мрежи.

# Сандра Булок

И оваа позната актерка го дели сличниот став со голем број личности на оваа листа. Во едно интервју изјави: „Не се претставуваме искрено самите себе. Нема да објавам селфи кои подоцна нема да можам да го избришам.“

# Ема Стоун

Во споредба со останатите познати ѕвезди кои безгрижно ги споделуваат моментите од својот секојдневен живот на социјалните мрежи, Ема води прилично приватен живот. Во интервјуто од 2018 година изјави дека социјалните мрежи за неа „не би биле позитивно искуство“, додавајќи: „Доколку луѓето навистина може да се носат со толкава количина на информации и повратни информации во сферата на социјалните мрежи, секоја чест.“


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: