Низ видеото покажа дел од архитектурата на Скопје: Објавена е финалната верзија и спот на евровизиската „Circles“
Македонската претставничка за Евровизија, Андреа Коевска денеска премиерно ѝ ја претстави финалната верзија на евровизиската песна „Circle“.
Заедно со финалната верзија на песната, со која Андреа во мај ќе ги брани боите на Македонија во Торино, Италија, излезе и видео записот, кој е снимен на повеќе локации во главниот град. Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Железничката станица, улица „Македонија“, заедно со „Рекорд“ се само дел од локациите на кои е сниман евровизискиот спот.
За да сфатите за што зборуваме, погледнете го евровизискиот видео запис во продолжение:
Коментарите под видеото пристигнуваат постојано, а поголемиот дел од се позитивни и полни со поддршка за нашата Андреа.
фото: Принтскрин / Јутјуб