Ноктите ти пукаат: Ова се причините кои го предизвикуваат тоа

Ноктите ти пукаат: Ова се причините кои го предизвикуваат тоа

Објавена во: Мода // Moj стил

Ноктите ти пукаат, а не знаеш во што е проблемот? Не грижи се, за се постои решение. Сепак, мораме да те потсетиме дека за лошиот квалитет на ноктите не е виновна само мајката природа, туку и ти!

Ова се најчестите причини поради кои твоите нокти не изгледаат убаво.

# Премногу внимаваш на нив

Доколку често ја отстрануваш кожичката околу ноктите, ја турпираш нивната површина или ги изложуваш на други „третмани“, ноктите брзо стануваат чувствителни и кршливи. Наместо тоа, ти препорачуваме да посегнеш по хидратантска крема и да ги намачкаш и со тоа да ги освежиш рацете и ноктните прочки.

# Постојано ги лакираш

Не важно дали станува збор за обични лакови кои веќе третиот ден ќе исчезнат поради преголемо мокрење на рацете или пак за оние трајните, запамети дека и двата вида со текот времето ги уништуваат твоите нокти. Секако, не ти велиме засекогаш да се откажеш од лакирањето, туку само од време на време да правиш пауза.

# Се храниш нездраво

Доколку живееш на брза храна и јадења од блискиот трговски центар, немој да очекуваш твоите нокти да бидат препрезентативен пример за совршенство. Сосема е едноставно - колку поздраво се храниш, толку ноктите ќе ти бидат поубави и поздрави. Маслиновото и ленено масло, зелениот зеленчк се одличен извор на витамини и хранливи состојки кои ќе им годат не само на твоите нокти, туку и на твоето тело. Во своето мени што е можно порано вклучите ги витамините А, В и Д. Не заборавајте - секојдневно нанесувајте им на ноктите чисто маслиново масло.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: