Нов Sport Vision на стара адреса

Нов Sport Vision на стара адреса

Објавена во: После „Школо“ // PR

Игор Трпковски: Шопингот треба да претставува уникатно искуство и затоа комплетно го трансформирамеSport Vision во City Mall во проширена, модерна и моќна спортска продавница

Sport Vision во последните 5 години еволуираше во најсериозниот малопродажен ланец за спортска опрема на Балканот. Со повеќе од 300 продавници лоцирани во 9 држави од регионот, својата понуда ја презентира пред популација од околу 55 милиони луѓе. Како компанија која многу сериозно размислува за релациите со својата заедница потрошувачи и учи од секој од нив, Sport Vision одлучи да креира и понуди супериорно потрошувачко искуство дизајнирано да ги задоволи потребите и аспирациите на спортистите и сите воопшто заинтересирани за здрав и активен живот.

“За таа цел, го прошируваме и целосно го трансформираме просторот во City Mall во Скопје” – вели Игор Трпковски, генералниот директор на Sport Vision во Македонија. “Нашата визија е шопингот да се претвори во искуство, а не секојдневие или обврска. Како и досега, не се плашиме да бидеме иновативни и проактивно да го подигнуваме стандардот на услуга во нашите продажни објекти. Повторно ќе ги пренесеме најдобрите светски искуства преку иновација и диференцијација и ќе понудиме дополнителни вредности како за купувачите така и за брендовите од нашето портфолио. Искрено веруваме дека нашиот нов Sport Vision концепт на старата позната локација ќе го промени начинот на кој потрошувачите го доживуваат купувањето патики и спортска опрема и ќе прерасне во место кое ги исполнува нивните желби. Сето ова ќе можат да го почувствуваат од 7-ми ноември 2019 година во проширената и концептуално изменета продавница.”

Симболично, почетоците на Sport Vision во Македонија се поврзани со отворањето на City Mall, и можеби токму затоа иновацијата и трансформацијата повторно започнува од тука. “После 8 години на пазарот во Македонија, свесни сме дека година по година изградивме силен бренд кој се поврзува со потрошувачите на вистински начин, со изразен визуелен идентитет и портфолио за сите наши концепти. Сепак, силината на нашиот бренд не ни е наследена. Моравме и мораме да го заслужиме и оправдаме нашето место секојдневно служејќи им на барањата на потрошувачите” – додава Трпковски. “Денес, со дигитализацијата и неограничената дистрибуција едноставно мора да се понуди ефикасна и иновативна услуга која ќе го збогати потрошувачкото искуство и ќе ги надмине очекувањата. Sport Vision се трансформира затоа што може да ги согледа перспективите за малопродажните ланци кои се детерминирани да стигнат до својата заедница потрошувачи со иновации и постојано унапредување.”

Sport Vision е партнер на водечките светски брендови како Nike, adidas, Under Armour, Reebok, Timberland, Converse и др., како и лиценциран партнер за производство и дистрибуција на реномираните спортски брендови Champion, Umbro, Lotto, Ellesse, Lonsdale и други.

Текстот е превземен од Фактор.мк

Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: