Нова трансформација: Мајли Сајрус со нова фризура за роденденот
Можете да кажете многу работи за Мајли Сајрус, но само едно нешто не можете, а тоа е дека таа се плаши од промени. Пејачката како да е зависна од промени, без разлика дали станува збор за кариерата, љубовниот живот, а најмногу нејзината коса.
Токму нејзината коса е онаа која претрпе промени овој пат и тоа баш за нејзиниот 27 - ми роденден. Овој пат салоните за убавина ги прескокна и оваа трансформација ја препушти на нејзината мајка Тиш Сајрус.
Па така, во саботата вечер, Сајрус објави видео на Инстаграм пред домашното огледало, а на истото напиша: „Роденденска фризура од Тиш Сајрус“.