Новиот пролетен маникир на Кортни Кардашијан може да ти послужи како инспирација: Пресладок е (ФОТО)
Од Кортни никогаш не би очекувале ваков маникир...
И познатите сакаат да го менуваат маникирот со оглед на годишниот период. Кортни моментално е во својата рок ера со комбинациите, поради што посебно изненадување е нејзиниот сладок маникир кој го избра за април.
Во потрагата за маникир, патот не однесе и до профилите на козметичарките кои им прават нокти на познатите ѕвезди. Ким Троунг е девојка која меѓу другите, ги средува и ноктите на Кортни Кардашијан, а на својот профил често споделува фотографии од маникири кои ги направила на познатите личности. Таа го сподели и најновиот маникир што ѝ го направи на Кортни, кој е апсолутно симпатичен и пролетен. Ѝ има ставено неутрална, проѕирна позадина, а над истата еден куп мали цреши. За секој кој сака да го рекреира овој маникир, таа во описот на објавата ги остави точните бои што ги користела за да го создаде. Сите мислеа дека станува збор за налепници, но изгледа дека сите ги има рачно нацртано.
Доколку твојата козметичарка не може да го изведе ова, бидејќи е потребна навистина мирна рака и многу време со оглед на тоа што има безброј детали, едноставно можеш да си ставиш налепници. Резултатот ќе биде ист.
Доколку ти се потребни уште инспирации за пролетни маникири, фрли око на следниот ЛИНК.
фото: Принтскрин / Инстаграм