Новиот тренд на ТикТок открива дали имаш кадрава коса: Дури и оние што мислеа дека имаат права се шокани

Новиот тренд на ТикТок открива дали имаш кадрава коса: Дури и оние што мислеа дека имаат права се шокани

Објавена во: Мода // Moj стил

Доколку мислиш дека имаш рамна коса, провери го тоа уште еднаш...

Доклку секогаш си сакала косата да биде кадрава, но не ти е, можеби не изгубено сѐ. Можеби и ти имаш кадрава коса, барем благо кадрава, а за тоа да не си ни свесна. Бидјеќи како што изглед, илјадници луѓе не биле.

Можеш да го сакаш или мразиш ТикТок, но факт е дека на оваа социјална мрежа можеш да пронајдеш илјадници корисни туторијали. Од едноставни идеи за појадок до трикови со коса и шминка, на ТикТок има сѐ. Во последно време сите проверуваат дали навистина имаат рамна коса или цел живот се во заблуда и косата им е всушност кадрава. Постои едноставен начин како да се дознае тоа, а луѓето се воодушевени.


Доколку вашата коса има некоја средина, не е потполно рамна, но не е ниту убаво кадрава, големи се шансите за таа да е кадрава, само што едноставно тоа сè уште не сте го откриле. Тоа е многу едноставно и еве како може самите да проверите на вашата коса.


Првиот чекор кој треба да го направиш е да ја измиеш косата, но не со шампонот кој вообичаено го користиш, туку купи некој за кадрава коса. Има многу брендови, па така одбери го оној кој тебе најмногу ти се допаѓа и измиј ја косата.

Кога ќе ставиш регенератор, косата исчешлај ја со чешел кој има пошироки запци. И биди нежна, сигурно не сакаш да и нанесеш штета на косата. Кога ќе го направиш сето тоа, можеш на косата да ставиш некој производ како серум или масло за локни кои дополнително ќе ти помогнат за косата да ти изгледа уште поубаво, да сјае и да изгледа негувана.

Следниот чекор е на еден час да ја замоташ мократа коса во некоја стара обична маичка. Тоа ќе даде време на локните да се формираат.


На крајот симни ја маичката и тоа е тоа. Ќе видиш дали ти се формирале локни и колку истите се интензивни. 


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира:


Кликнете 'Like' и станете наш пријател.
Почекајте 09 секунди.