Новото правило гласи: колку помалку, толку подобро! Како правилно да го комбинираш накитот?

Новото правило гласи: колку помалку, толку подобро! Како правилно да го комбинираш накитот?

Објавена во: Мода // Moj стил

Прочитајте ги овие совети пред да ги ставите на себе сите ланчиња кои ги имате...

Изгледа дека сите досегашни модни закони повеќе не вредат. Порано важеше правилото дека пред да се излегувањето од дома мора да соблечеме едно парче облека или накит од себе, а сега изгледа како сите да го прават спротивното.

Со други зборови, минимализмот е потполно заменет со максимализмот, барем што се однесува до накитот. Летните денови се пред нас, а ние носиме помалку облека и повеќе ја покажуваме својата кожа, што значи дека рацете и деколтето сакаме да го украсиме со впечатлив накит. Добрата вест за сите љубители на накитот е тоа што ставањето на повеќе парчиња накит повторно е ИН. Меѓутоа, постојат одредени правила за комбинирање до кои треба да се придржувате за да постигнете кул, но не пренатрупан изглед.

# Немојте да претерувате

Секако дека истовремено можете да носите обетки, нараквици, прстени и ланчиња, но доколку сите тие парчиња сакате да ги ставите на себе, внимавајте комбинацијата да ви биде едноставна и сите парчиња накит да не се преголеми.

# Слободно комбинирајте сребро и злато

Доколку парчињата се доволно едноставни, може без проблем да се комбинираат и така да го надополните вашиот изглед.

# Комбинирајте го накитот, но не и стиловите

Сите ваши парчиња накит треба да раскажуваат иста приказна. Доколку се одлучите за „бохо“ нараквици, комбинирајте ги со обетки со реси.

# Создадете контраст и хармонија

На пример, доколку на левата рака имате часовник и неколку нараквици, на истата рака ставете само еден прстен. На десната рака може да ставите повеќе прстени, но тогаш ставете смао една нараквица.

# Повеќе ланчиња не мора да биде проблем

Трикот на ставањето повеќе ланчиња се состои во тоа да се ставаат според дебелината и должината. Најдебелото ланче обично е најкратко, а потенките ланчиња треба да бидат подолги.

# Златното правило за обетки и ланчиња

Ова правило гласи: впечатливите обетки комбинирајте ги со децидни ланчиња и обратно.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: