Обетките на Селена Гомез се хит: Може да ги имате за помалку од 500 денари
И ти можеш да си ги купиш нејзините обетки на Интернет.
Секогаш кога „скролаш“ по Инстаграмот се инспирираш да купите нешто, што можеби не ти е потребно. Но, не само ти, тоа го прават и познатите ѕвезди, а една од нив е и Селена Гомез.
Неодамна овој месец, пејачката се појави во шоуто на Џими Фалон, а на себе носеше пар обетки, кои се апсолутен хит помеѓу инфлуенсерките и младите девојки кои ја следат модата.
Овие обетки што ги носи Селена Гомез не се кристилни и се од познатиот бренд за аксесоари на Инстагран, Rocanne Assoulin. Ги нарекуваат Хип - Хоп, а истите чинат 120 долари.
Доколку, овие обетки ти се допаѓаат и цената на истите не ви одговара на буџетот, слични и многу поекономични модели можете да најдете на страницата на Fashion Group.
Обетките на Parfois кои по својот изглед потсетуваат на оние што ги носи Селена чинат само 290 денари.
А, доколку не си љубител на т.н. кристални модели, оние од Mango што потсетуваат на мермер ќе бидат идеални за вас. Цената на истите е 450 денари.