Облека и модни трендови што ги одбиваат: Што мразат момците да гледаат на девојките?

Облека и модни трендови што ги одбиваат: Што мразат момците да гледаат на девојките?

Објавена во: Мода // Moj стил

Момчињата коментираа сѐ - од облека и обувки до нокти и накит...

Иако е врежано мислењето дека момците не обрнуваат внимание на женските трендови, некои работи очигледно не ги прогледуваат низ прсти. Тие изненадуваат и докажаа дека забележуваат повеќе отколку што мислиме. Еден портал за тинејџери направи истражување во кое праша неколку момчиња кои трендови не сакаат да ги гледаат на девојките, а некои од нив сериозно ја сфатија својата задача и дадоа навистина специфични и детални одговори.

Иако женските трендови не ме интересираат, постојат одредени модни трендови кои секогаш им паѓаат во очи и тоа не на баш убав начин. „Најмногу мразам неуредни нокти на рацете и нозете, тоа секогаш го забележувам. Освен тоа, она што на девојките најлошо им стои е лошо момче покрај нив“ -  раскажува еден 17 - годишен испитаник. Мислењето за ноктите на нозете го сподели уште еден 18 - годишник кој вели дека воопшто „не сака да гледа сандали на девојките“. Всушност, неуредните или вештачките нокти се главната работа околу кој голем број на момчиња се сложија. Еден 19 -годишник сподели: „Секогаш прво ги забележувам ноктите и веѓите. Доколку лакот на ноктите е уништен, добивам впечаток дека девојката не води грижа за себе“, додека една година постарото момче вниманието го однесе кон трендот со вештачките нокти: „Секогаш во око ми паѓа убава девојка со негувани, природни нокти. Одбивно ми е кога ќе видам предолги нокти во неонски бои или со разни циркони“. Уште едно момче се сложи со оваа изјава: „Една работа која не можам да ја поднесам кај девојките се предолгите нокти со кои може да убијат некој. Грозно е и изгледа непрактично. Како не ви пречи тоа?“

Момците исто така беа критични и кон обувките. Голем дел од нив сложија дека не сакаат балетанки, а критични се и кон патиките на висока пета. Најмногу се побунија околу гломазните патики со дебели ѓонови. Еден од нив даде пример: „Оние Fila патики кои секоја девојка ги носи, воопшто не се убави. Изгледаат како копита.“. Освен тоа, изгледа дека не им се допаѓаат и летните чизми, па така еден истакна: „Прво што ми падна на памет се летните чизми. Чизмите се за во зимо и треба да останат таму.“ Што се однесува до облеката, особено критички беа настроени кон фармерките. Едно момче истакна дека „не му се допаѓа трендот со широки фарберки, бидејќи не прилега на ниту една жена“., додека друг додаде дека „не разбира како на жените им се допаѓаат фармерки со трапез“. Освен фармерките им сметаат и животинските принтови, а за на оваа тема едно момче истакна „Нема погрозно нешто од тигрест принт на облека“.

Шминката исто така беше критикувана. Секако, им пречи преголема количина на шминка и погрешна нијанса на пудра, но особено внимание придаваат на веѓите: „Особено не сакам да гледам претенки веѓи и розев сјај или руж“ - вели едно од момчињата, а друго пак се осврна кон исцртувањето на устата: „Не сакам да видам уста која е исцртана повеќе од природната линија на усните, тој трик не може да измами никој“.

На крајот, зборуваа и за накитот, за кој секој има свое мислење. „Грозно ми е да видам златно ланче на девојка. Изгледа многу евтино и воглавно никогаш не е добро. Го поврзувам со бабите од 60 години. Инстантно ме одбива, особено оние дебелите златни ланци.“ - вели едно од момчињата. Друго пак, се насочи кон обетките: „Не знам зошто, но многу ми се грозни оние големи округли обетки кои ги носат девојките.“.

Секако, овие одговори не го претставуваат мислењето на сите момци и поради тоа девојките не треба да се менуваат поради тоа. Најважно е да развиете свој стил со кој ќе се истакнете и ќе го носите самоуверено. Со насмевка на лицето и позитивен став, никој нема да обрнува внимание на деталите.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: