Облека која може да те направи посреќна: Парчиња кои го подобруваат расположението
Дали навистина толку едноставно можеш да го поправиш расположението?
Има денови и недели кога ни изгледа дека се чувствуваме лошо и сме мрзеливи отколку вообичаено. Во такви денови со задоволство не би излегувале од соба, но некогаш едноставно немаме избор. Постои една мала работа која може да помогне за да се чувствуваш подобро, а тоа е бојата на облеката.
Кога е зима, времето е поладно и се е некако монотон, а тогаш често се облекуваме така. Насекаде околу нас се темните и црни комбинации, а бојата скоро и ја нема. Што е сосема погрешно. Би требало да го правиме спротивното и да бираме облека со светли бои, бидејќи како што тврдат експеритте, тоа може да го подобри расположението. Психологот и авторката на книгата „The Little Book of Colour“, Карен Халер ја објасни таа теорија на облекување. Доколку сакаш да се чувствуваш подобро, треба да бираш облека во бои како жолта, розева, црвена, зелена или сина, бидејќи тие може да помогнат во тоа.
„Светлите бои инстантно го подобруваат расположението. Нашата самодоверба расте кога од глава до петици се облекуваме во омилените ведри бои кои подобро ни одговараат“ - истакнува Халер и додава дека облекувањето во светли и ведри бои на нашите емоции ни даваат едно многу позитивно искуство. А зошто е тоа така? Карен тврди дека трикот е во тоа што нашиот мозок најчесто ведрите бои ги поврзува со убави спомени. Затоа во сина маичка ќе се чувствуваш подобро, отколку кога од глава до петици ќе се замоташ во црно. Ништо нема да те чини за да ја провериш оваа теорија.