Обожавателите на серијата подгответе се: „Пријатели“ повторно заедно

Обожавателите на серијата подгответе се: „Пријатели“ повторно заедно

Објавена во: Stars // Филм

Изгледа дека ѕвездите на глобално популарната ТВ серија „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лоса Кудроу, Мет ЛеБланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, се враќаат на малите екрани. Според наводите на „The Hollywood Reporter“ тие се заинтересирани да се појават во заедничкиот едночасовен специјал.

Најверојатно, на нив ќе им се придружат и авторите на серијата, Дејвид Крејн и Марта Кофман. Се претпоставува дека ова ќе биде ретроспектива, каде добро познатата екипа ќе ги разменува заедничките приказни од почетокот до крајот на снимањето.

Последен пат кога бевме близу до новото екипирање на „Пријатели“ беше во 2016 година, кога пет од шестте члена (Пери не беше присутен) учествуваа во емисијата за оддавање почит на режисерот Џејмс Бароус.

Обожаватели на „Пријатели“, држете ги очите ширум отворени.

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: