Обожавателите се во дилема: Дали Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон се повторно заедно?
Кон крајот на летото оваа година, Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон ја прекинаа својата врска, но сега се зборува дека се повторно заедно...
Американската ријалити ѕвезда Ким Кардашијан и комичарот Пит Дејвидсон во август оваа година ја прекинаа својата повеќемесечна врска, но изгледа дека се повторно заедно.
Имено, како што пишува „Her“, еден извор за „Entertainment Tonight“ кажал дека „Ким и Пит сè уште се во контакт“.
„Нивната врска не заврши со кавга, ниту на некој лош начин, така што помеѓу нив двајца работите се во ред и тие сè уште се слушаат“ - додава изворот.
Уште еден детаљ кој би можел да ги потврди овие теории дека помеѓу Ким и Пит има нешто повеќе од пријателски контакт е и подарокот кој Ким наводно го доби од Пит за својот 42-ри роденден.
Имено, Ким на својот Инстаграм профил објави стори на кое се наоѓаат цветни ангажмани и свеќа на која пишува „Јасмин“.
Обожавателите мислат дека токму таа свеќа издава дека помеѓу Ким и Пит сè уште постои „нешто“, бидејќи тие двајца се запознале на снимањето на скечот за емисијата „Saturday Night Live“ во која ги глумеа Аладин и Јасмин, а воедно и се бакнаа за првпат.
Освен овој подарок, нивната обновена романса може да ја потврди и тоа што Пит ја посети Ким во хотел во Њујорк.
„Пит ја посети Ким во нејзината хотелска соба, а таа другиот ден беше видека како тајно го напушта хотелот од споредниот влез“ - кажа еден извор за „Page Six“, но Пит и Ким овие гласини уште ги немаат потврдено.
фото: Принтскрин / Инстаграм