Обожавателите „удрија“ по новата фризура на Мајли: Ја споредуваат со Џо Егзотик

Обожавателите „удрија“ по новата фризура на Мајли: Ја споредуваат со Џо Егзотик

Објавена во: Мода // Moj стил

Додека голем број на ѕвезди за време на карантинот се одлучија за промена на бојата на коса и тоа користијќи драматични и интензивни бои како црвената, виолетовата и тиркизната, некои ѕвезди се одлучија за сосема нова фризура. Една од нив е Мајли Сајрус.

Мајли, со гоглед на тоа дека не беше во можност да замине на фризер, својата коса и ја довери на својата мајка, пишува Glamour. Но, нејзините обожаватели се незадоволни со резултатот...


Дали оваа одлука и беше најпаметна, не сме сигурни, со оглед на тоа што социјалните мрежи се преплавија од објави на обожаватели кои ја критикуваат нејзината нова фризура, споредувајќи ја со Џо Егзотик.


Мораме да се сложиме дека изборот на фризурата е малку необичен, бидејќи станува збор за  фудбалерска фризура, која била популарна во 70 - тите и 80 - тите години, а малку кој верува дека би можела повторно да се врати во мода, особено помеѓу младите генерации.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: