Од амбалажа на влажни марамчиња до игра: Мајка воодушевува со својот трик

Од амбалажа на влажни марамчиња до игра: Мајка воодушевува со својот трик

Објавена во: Совети // Семејство

Со децата во домот и нивното растење на секој дом му се потребни влажни марамчиња кои се користат за разни намени.

Иако скоро сите амбалажите од искористените марамчиња ги фрламе, една мајка смислила одлична игра која ја направила токму од амбалажите кои ги фрламе.

Марина Бановец од Загреб прво ги собрала прозорчињата од марамчињата. Откако собрала одреден број ги залепила на картон.


Под капачињата на истите залепила различни цртежи од предмети и животни.

На секое дете му е многу интересно отварањето и затворањето на марамчињата, а уште доколку внатре препознаат и некои од своите омилени предмети, тогаш оваа игра станува навистина интересна.

Овој трик може да се применува и за играта меморија.

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: