Од фотосесија на пешачки до туш кабина: Најоткачените фотки на Антониа за 2019

Од фотосесија на пешачки до туш кабина: Најоткачените фотки на Антониа за 2019

Објавена во: Moj стил, Музика

Светските ѕвезди постојано воведуваат нови трендови на сликање. Колку е поуникатна локацијата, толку јавноста е позаинтригирана. Овој тренд го следат и некои наши ѕвезди, меѓу кои и младата пејачка Антониа Гиговска.

Таа годинава сподели многу интересни и специфични фотографии, кои долго по објавувањето беа главна тема како кај нејзините обожаватели, така и кај оние другите. Ние направивме една мала листа и издвоивме неколку кои според нас се највпечатливи, па да започнеме.

# Прва е фотката на пешачки премин, која е направена за време на снимањето на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ на територијата на телевизија Пинк.

# По оваа, следуваше уште една слична, но наместо на пешачки, овој пат младата пејачка се одлучи за асфалт. Фотката не ни открива дали станува збор за улица или за некое безбедно место, но веруваме дека ништо страшно не се случило.

# Оваа година слаба страна и беа и тоалетети, особено плочките на кои стави посебно акцент и тоа дури на неколку фотографии.

# Селфи во огледало со нога на мијалникот, поза која секој не би ја применил.

# Врвот е достигнат со последната фотка во нашата листа. Станува збор за фотосесија во туш кабина.

Секоја една од овие фотки е уникатна на свој начин, а доколку го отворите нејзиниот Инстаграм профил сигурно ќе пронајдете уште нешто. Оваа млада и храбра девојка, очигледно е дека тежнее кон тоа да остави свој белег, а колку успева во тоа, оставаме да одлучите вие. 

Објавена во: Moj стил, Музика

Можеби ќе ве интересира: