Од живот во депонија, до диплома со највисоки почести: Сѐ се променило кога имала 11 години

Од живот во депонија, до диплома со највисоки почести: Сѐ се променило кога имала 11 години

Објавена во: Совети // School zone

Оваа девојка пораснала на депонија во Камбоџа, каде работела како човек кој селектира ѓубре. Сега дипломирала со највисоки почести.

Софи Ран пораснала ви депонијата Станг Минчи во Камбоца. Работела како „разделувач на ѓубре“, барајќи работи кои може да ги рециклира за пари, но и кои може да ги јаде. Работела од утро до ноќ за да може да го издржува семејството.

Нејзината приказна е неверојатно тешка. Целото нејзино семејство живеело во мала колиба покрај депонијата. Осум луѓе живееле во една мала соба.

Нејзините родители работеле во пластичната депонија, но нивните плати не биле доволни за основните животни потреби. Софи никогаш немала шанси да оди на училиште.

Кога имала 11 години, нешто се променило

„Спиев надвор на дожд, бидејќи ги видов своите родители дека го прават тоа, па си мислев ако тие се во ред со тоа, тогаш сум и јас“ - кажа Софи.

фото: Cambodian Children’s Fund

Кога имала 11 години, нешто ѝ го променило животот. Камбоџанската организација за детски стипендии и помогнала да се запише на училиште. Софи имала природен талент за комуникација и осмислување на нови проекти кои наскоро ѝ ја обезбедиле стипендијата за колеџот Тринити во Австралија.

Школарината ги покривала сите трошоци за студирање, живеење и престој во Австралија.

„Не можам да опишам како се чувствував кога ја добив стипендијата. Не можев да престанам да се смеам и чувствував дека мојот живот ќе се промени“ - кажа таа.

Дипломирала со највисоки почести како најдобра во генерацијата во 2019 година

Со неопислива решителност, Софи дипломирала со најголеми почести како најдобар студент во генерациајта. Воедно добила уште една стипендија за продолжување на студиите во Мелбурн.

фото: Фејсбук

Кога зборувала за својата соба на факултет, ја споредувала со својот дом на депонијата:

„Никогаш не сум имала можност за да живеам вака. Кога бев на депонијата, живеев во мала соба, заедно со сите членови на моето семејство, тоа не беше ни вистинска зграда. Многу е убаво да се има своја соба и да си опкружен со такви прекрасни луѓе“.

фото: Cambodian Children’s Fund

Објавена во: Совети // School zone

Можеби ќе ве интересира: