Олга има 6 години, и поради својот „труднички стомак“ трпи терор: Вистината е болна, а нејзината приказна ги подгодува најтврдите срца

Олга има 6 години, и поради својот „труднички стомак“ трпи терор: Вистината е болна, а нејзината приказна ги подгодува најтврдите срца

Објавена во: Совети // Семејство

Олга на прв поглед изгледа како да е бремена, а нејзината приказна воопшто не е лесна

Олга е шестгодишно девојче кое боледува од пореметување, а речиси сите што ја гледаат мислат дека е бремена.


Девојчето се вика Олга Блесинг, има само 6 години и боледува од ретка здравствена состојба поради која изгледа како трудница. Оваа чудна болест ѝ била дијагностицирана во 2019 година.

Се започнало кога почнала да чувствува прекумерна болка во стомакот. Посетиле неколку клиники, каде нејзините родители дознале дека се работи за тифус и им дале некои лекови.


По земањето на сите лекови препишани од клиниката, нема промена и наместо тоа, констатирале оток на нејзиното тело, па дури и нозете почнале да ѝ крварат и отекуваат. Таа била примена во болница еден месец, а подоцна лекарите ѝ рекле на мајката на Анастина дека нејзината мала ќерка боледува од конгестивно срцево заболување. Докторот додал дека се работи за нарушување на срцевите залистоци.

Докторката вели дека во нормално човечко тело кога дише тие вентили се отвораат и затвораат, но кај нејзиното девојче секогаш се отворени. Затоа малата Олга изгледа како трудница со стомак до забите. Таткото на Олга ги оставил мајката и детето откако видел дека состојбата на детето се влошува.


Иако можел да си дозволи соодветни лекови, таткото еден ден станал како да сака да оди на работа и никогаш не се вратил дома.

Докторот кој го лекувал девојчето рекол дека тоа може да добие помош само во странство и дека ќе ја советува мајката да ја однесе.


foto: preentscreen/Youtube

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: