Опоравувањето не одеше по планот: Александра Шијакоска повторно хоспитализирана (ФОТО)

Опоравувањето не одеше по планот: Александра Шијакоска повторно хоспитализирана (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

„Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психичка нестабилна јас“ - напиша познатата инфлуенсерка...

Пред крајот на месец февруари, една од најпознатите македонски инфлуенсерки, Александра Шијакоска ги растажи своите обожаватели откако откри дека ѝ е откриен тумор на главата. На една недела откако го прослави 29-от роденден таа се оперираше, а неколку дена по операцијата сподели фотографии преку кои откри дека операцијата поминала добро и дека сега следува закрепнувањето.

По ова следуваше и емотивно видео од првите денови по операцијата, за потоа да сподели убави вести дека опоравувањето тече добро и дека е помеѓу најблиските. Но, за жал судбината имала малку поинакви планови.

Денес, таа повторно се огласи на Инстаграм, каде што откри дека е повторно хоспилизирана и дека опоравувањето не течело онака како што се надевала.

„Погодете кој е хоспитализиран повторно? Опоравувањето не одеше по планот и еве ме пак тука“ - напиша на првото стори инфлуенсерката, а потоа додаде:

„Многу ми е тешко да се навикнам на новата беспомошна и психичка нестабилна јас. Никако не можам да ја прифатам ова ситуација. Ме боли душата. Празна ми е. Како огромна дупка. Ќе го чекам тој сончев, среќен и убав ден со последните сили ако треба. Ќе чекам“.

фото: Принскрин / Инстаграм

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: