Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор ќе му се изнасмеев: Шијакоска со емотивна порака го одбележа роденденот
Откако пред крајот на месец февруари, една од најпознатите македонски инфлуенсерки ги растажи своите обожаватели откако откри дека ѝ е откриен тумор на главата, сега Александра Шијакоска има повод за славење.
Имено, таа денес го прославува својот 29-ти роденден, а по тој повод сподели неколку фотографии на кои заблеска во бел краток фустан, со предимензиониран цвет во горниот дел. Описот на фотографиите уште еднаш ги растажи сите и вети дека кога ќе помине операцијата дека ќе раскаже сѐ во книга.
„Пред две години ја читав „Пиреј“ и ми остана во главата. Ние луѓето не сме свесни за силата која ја имаме дури не ни тропне на врата тоа од кое најмногу се плашиме. Мене многу од работите кои ме плашат ми се случија во една година, но измеѓу имаше и многу среќни моменти. Се трудам да се фокусирам на тие среќни моменти и со нив во глава со цела сила да се спремам за операција. Да ми кажеше некој дека на 29 години ќе се борам со тумор наместо да шетам низ светот, да се радувам со пријателите и саканите или да гледам деца ќе му се изнасмеев. По неколку дена плачење и прашување зошто јас, имав време да размислам за сите случувања во мојот живот. Господ ме спремал за ова ме челичел, а јас го знаев тоа, го чувствував. Не сакав ни да го прославам роденденот ни да се сликам ни да ме гледа некој. Сакав да го преспијам периодот до операцијата, ама време е да научам да живеам ДЕНЕС, а не да чекам да се случи нешто. Знам дека се ќе биде добро. После ова пишуваме книга заедно. Јас ќе раскажувам, а некој добар пишувач ќе пишува. Фала ви на сите за грижата и убавите мисли, ми изгледаше нефер да не ве известам што се случува со мене. Јас сум добро и се спремам за операцијата која е закажана во текот на наредната недела. Вака-така истуркавме до 29.“