Ќе се кријам некој период од дедо ми, нека ужива во староста: Александра Шијакоска им се заблагодари на сите по успешната операција на тумор на мозок (ФОТО)
Пред крајот на месец февруари, една од најпознатите македонски инфлуенсерки, Александра Шијакоска ги растажи своите обожаватели откако откри дека ѝ е откриен тумор на главата. На една недела откако го прослави 29-от роденден таа се оперираше, а неколку дена по операцијата сподели фотографии преку кои откри дека операцијата поминала добро и дека сега следува закрепнувањето.
По ова следуваше и емотивно видео од првите денови по операцијата, а денес познатата инфлуенсерка повторно се огласи на Инстаграм. Таа сподели неколку сториња во кои им се заблагодари на своите следбеници, но и семејство, а воедно откри и досега непознати детали од целиот овој период.
„Неизмерно и вечно благодарна за луѓето кои ги имам во животот. Благодарна за вашите желби, пораки, грижа, помош, пред сѐ вашите молитви за мене. Господ ги слушна и ми даде уште една шанса да се вратам дома кај саканите. Опоравувањето е тежок процес, но го можам јас тоа. Дајте ми само недела дена да си ги средам мислите и се гледаме тука. Ви должам сѐ за поддршката и љубовта“ - напиша познатата инфлуенсерка на својот Инстаграм профил, а потоа додаде:
„Фала ви стопати. Уште еднаш си докажав дека доколку имаш вистински луѓе околу себе сѐ е возможно. Не постои некој што не се понуди за било каква помош. Јас не заборавам добро. И ќе продолжам да помагам и јас. Не е за тоа колку имаш во џебот, туку колку имаш во срцето. Јас по оваа лекција сфатив дека немам многу, а имам сѐ. Голема лекција за мене и за сите блиски, никој не можеше да сфати зошто животот мене ми ја даде, но така требало да биде. Чекам да видам што добро ќе излезе од ова. Животот ти зема едно, но ти дава дупло поголемо. Само трпение. Според докторите опоравувањето трае месец до три. За мене работата е лекот. Да ми заврши терапијата, да добијам малку сила и ќе си почнам полека, колку што можам. Еден ден кога ќе имам сила ќе ви објаснам сѐ. Сега само сакам да заборавам на сѐ. Се гледаме за брзо.“
„Од дедо ми е скриено успешно. Мисли дека бев на патување. Ќе се кријам некој период од него. Сметав дека нема потреба да го оптоварувам со ова. Нека ужива во староста. Животот е пред нас, штом смеам да ја возам колата имам планови да го шетам секаде каде што ќе посака и да пееме цел ден. За поубави времиња“ - помеѓу другото откри Александра, која сега ја очекува периодот на опоравување.
Во продолжение погледнете ги останатите сториња кои ги сподели Шијакоска:фото: Принтскрин / Инстаграм