Ослабна 45 килограми: Неверојатната трансформација на Адел
Пејачката од ден во ден изгледа се подобро, а тоа придонесе напорното вежбање со приватен тренер и посебна исхрана до кои со години се држи. Но, најважно од се е тоа што таа никогаш не била посреќна и поздрава.
Британската пејачка Адел ја заинтригира јавноста со неверојатното губење на килограмите и сите последниве месеци пишуваат за тоа. Според информациите на магазинот People, пејачката досега изгубила околу 45 килограми.
Започна да слабее по разводот со Симон Конецки, со кој го имаат синот Ангел. Се придржува до здравата исхрана, напорно вежба со приватен тренер, усвои многу здрави навики, а ние во неколку фотографии ви направивме споредба на Адел од почетокот на кариерата и денес. Погледнете: