Откри преку видео: Кајли покажа како ѝ изгледа косата
На фотографиите често носи екстензии и перики и ретко кога имаме можност да ја видиме во вакво природно издание
Кајли Џенер на Инстаграм сподели видео по туширање и на светот му покажа како всушност и изгледа нејзината природна коса, јавува Cosmopolitan. Истата не е толку долга како што мислевме, но Кајли тврди дека во последните неколку години никогаш не и била волку долга косата.
На видеото на кое и се гледа природната коса, игра, а во краткиот опис си призна „Косата не ми била волку долга од 15 години“.