Ова 18-годишно момче е најмладата личност што самостојно патува со авион низ целиот свет: Наскоро планира нови патувања

Ова 18-годишно момче е најмладата личност што самостојно патува со авион низ целиот свет: Наскоро планира нови патувања

Објавена во: Совети // Семејство

Тревис започнал да лета на 12-годишна возраст, а на 14 години станал најмладиот пилот британски едриличар

Осумнаесетгодишниот пилот го собори Гинисовиот рекорд и стана најмладата личност која самостојно летала низ целиот свет.

Тревис Лудлоу од Аибстон во Бакингемшир слета во Холандија во вторникот. Тој патувал 44 дена и за тоа време поминал неверојатни 40.972 км.

Тој е само 13 дена помлад од претходниот рекордер.

„Ова е многу чудно чувство, пристигнав и немам за што да се грижам утре“, рече Тревис.

Тревис започнал да лета на 12-годишна возраст, а на 14 години станал најмладиот пилот  британски едриличар.

Тој прелетал над Европа, преку Русија и Америка, со Цесна 172Р во 2001 година, пред да се врати преку Канада, Гренланд и Исланд.

Претходниот рекордер Мејсон Ендрус, од Луизијана, го заврши летот во 2018 година.

„Тоа е навистина најопасната и најтешката работа што можете да ја направите со еден мотор“, рече Ендрус, потсетувајќи се на неговиот подвиг.

Ендрус за моменталниот рекордер, Тревис рече дека тој има светла иднина, пишува Би-Би-Си.

- Светските рекорди се направени да бидат соборени. Имав рекорд. Со држење на рекордот, јас не добивам ништо, па затоа сум повеќе од подготвен да го предадам факелот на следната генерација - рече тој.

Сега е потврден рекордот на Тревис, а тој доби потврда дека го соборил Гинисовиот рекорд, а неговиот план е да го сруши рекордот во летање со електричен авион.

Неговото семејство е многу среќно за неговиот успех.

- Ни олесна што тој конечно е дома, сите сме пресреќни поради неговиот успех - рече неговата мајка.


Фото: Фејсбук/Травис Лудлоу

Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: