Оваа ѕвезда од „Гранд“ по професија е готвач, а пеел и додека готвел: Сè уште ми викаат да поминам и да се присетам како било некогаш
Во последната сезона успеа да стигне до финалето...
Жељко Вукчевиќ, финалистот од „Ѕвездите на Град“, по професија е готвач, а тој детаљ ретко кој го знае. Кога дошло време да подразмисли за својата иднина, долго се премислувал помеѓу Трговското и Музичкото училиште, па коментарите од околината биле од пресудно значење за него.
„Моите родители тогаш отворија ресторан и јас се заљубив во тоа, како сето тоа функционираше. Волјадата да се запишам во Музичко училиште ми ја убија луѓето кои се занимават со тоа, бидејќи тврдеа дека јас не сум пејач за класична музика и дека училиштето би го убило мојот стил“ - кажа Жељко за „Гранд онлајн“ и признава дека во готвењето ужива и денес, но дека го мрзи да си подготвува јадење самиот на себе.
Готвењето дома, никогаш не го привлекувало.
„Јас сум Јарец во хороскоп и јас ја сакам добрата организација, сѐ да биде онака како што сакам, да ми биде таман“ - откри тој, па додаде дека некогашните колеги и понатаму го викаат да им се врати и да се присети на деновите од минатото.
Како што истакнува - им недостасува нивниот некогашен соборец, кој сега заблеска на сцената на „Гранд“.
„Ми се јавуваат и ми велат: „Дојди малку да се потсетиш како беше некогаш. Пееше додека готвеше, сега пееш на сцената на „Гранд“.“ Морам да признаам дека ми недостави и тоа е моја љубов, покрај пеењето“ - заклучи тој.
фото: Принтскрин / Јутјуб