Оваа фризура е главен хит летово: Шињонот се враќа во неуредна верзија, а еве како да го направите во неколку чекори
Фризурата со разбушавен шињон е летен тренд, а познатите ѕвезди ја носат од плажа до црвени тепих
Мека, опуштена, но елегантна, често со романтични локни, шињон фризурата во 19-ти век беше заштитен знак на најмодерните дами. Денес се враќа во неуредна верзија и како таква е идеална за најразлични прилики: од свадби до секојдневниот живот.
Поради разбушавениот и ноншалантен изглед, лесно се креира и е вистински спас за топлите летни денови (особено за жените со непослушна коса).
Како да направите шињон фризура
Подготовка на косата:
Измијте ја косата и исушете ја со фен, но не ја исправајте премногу. Малата текстура ќе му помогне на шињонот да изгледа подобро.
Ако вашата коса е тенка или права, можете да користите спреј за текстурирање или сув шампон за да додадете волумен.
Правење на репчето:
Повлечете ја косата во ниско или средно опавче. Не мора да биде совршено, дури и пожелно е неколку прамени да се опуштени. Врзете го репчето со гумена лента.
Формирање шињон:
Завртете ја опашката во лабава пунџа околу гумената лента. Не мора да биде цврста, бидејќи целта е со неуреден изглед. Користете боби иглички за да ја прицврстите пунџата, но оставете неколку прамени отпуштени за полежерен изглед.
Завршни работи:
Лесно повлечете неколку прамени околу лицето и вратот за дополнително разбушавен ефект. Фризурата испрскајте ја со лак за да остане на своето место, но не претерувајте за да не ја изгуби својата природност.
Извор: elle.rs