Оваа година ќе се користат кармини во овие бои: Кој ќе биде твојот избор?
Има за секој по нешто, сигурно некои од овие бои за усни ќе те освојат и тебе.
Со доаѓањето на новата 2020 година, можеш малку да ја промениш својата мејкап рутина. Наместо секогаш да носиш кармини во иста боја, внеси некои од овие трендови.
# Природни бои
Кармините кои се помеѓу тоновите на кожа боја и лабелата во боја, се нешто со што љубителите на модата оваа година ќе бидат полудени. Светло, сјајно и природно.
# Владеењето на сјајот продолжува
Врз карминот или само на усните, сјајот изгледа одлично. Голем плус за него е тоа што не мораш да го поправаш, бидејќи и да се тргне мал дел, нема да се забележи.
# ИН ќе бидат и светките
Доколку не сакаш преку ден да светиш и блескаш, тогаш ова е идеално решение за деновите кога сакаш да изгледаш екстра.
# Сина, зелена и виолетова
Не се сите за природни изгледи, а за таквите девојки овие три бои ќе бидат одличен избор.
# Класична црвена боја која секогаш се носи
Овој класик останува секоја година. Црвениот кармин никогаш нема да излезе од мода, а за посебните прилики може да го нанесете и оваа година.
# „Блурирани“ усни
Еден од трендовите што не се однесува на бојата е овој кој се однесува на начинот на нанесување на карминот. Ќе започнеш така што на средината на усните ќе го нанесеш омилениот кармин, каде бојата треба најмногу да се гледа, а кон рабовите да бледее.