Овие 5 карактеристики ги имаат совршените момци!
Не е тајна дека секоја девојка го чека својот принц на бел коњ, односно господинот „совршен“. Секако дека таков сѐ уште се нема родено и дека на секој ќе му најдеме милион маани, но кога би морале да го дефинираме совршениот, тој би ги имал следните карактеристики:
# Не смее да пати за поранешната девојка! - Момчето кое некој веќе го повредил и кој бил брутално заљубен не може повторно да се опушти во новата врска и нормално е да посакуваме нашето момче да не биде во таква ситуација.
# Мораме да му бидеме на прво место! - Ова всушност се надополнува со првиот критериум. Доколку не бил досега заљубен и во секоја наредна девојка да ја бара поранешната, има шанси да собере „поени“ за наш совршен избор.
# Тој да ти верува тебе, а ти на него! - Нема константна проверка на пораките и сликите на мобилниот, испрашувања од типот „кој ти е овој, оној“. Тоа момче едноставно ти верува тебе и ти можеш да му веруваш на него.
# Те прифаќа онаква каква што си! - Нема визија во главата каква би требало да бидеш за да си идеална, или пак да замислува нешто што има некоја друга, а ти го немаш.
# Ништо не му е тешко за тебе! - Без разлика дали треба да слуша за твоите потешкотии на испитите или да го гледа најздодевниот филм на светот во кино со тебе, ќе го направи тоа. И ти сигурно ќе претрпиш многу работи за него. Вака врските функционираат и така се програмирани совршените момци.
фото: sunshineandhurricanes.com