Парчето облека кое ги полуде социјалните мрежи: Белиот долг фустан стана годинешниот летен хит

Парчето облека кое ги полуде социјалните мрежи: Белиот долг фустан стана годинешниот летен хит

Објавена во: Мода // Must have

Секое лето некое парче станува главна модна опсесија

Во морето од летни фустани, еден посебно се истакна. Иако е само почеток на летото, ние веќе имаме летен миленик кој сите го посакуваат. Долгиот бел фустан изгледа луксузно и скапо, исто како да сте на фантастичен одмор.

@ssunburned #zara #zarahaul #summer2024 #summerdress #zaradress #ootd #houseofcb

Едно од главните парчиња облека во лето се фустаните. Без разлика дали сакате да ги носите или не, факт е дека ги преплавуваат продавниците. Особено бели фустани. Тоа е она класично летно парче кое никогаш не излегува од мода и се носи од година во година, само секоја година добиваме нови и различни модели. Еден таков бел фустан годинава се појави во Зара и веднаш ги воодушеви љубителите на модата. Долг е, лесен и изгледа многу скапо, како да е дизајнерски. Изгледа како парче кое би било идеално за секоја пригода – од шетање низ градот во патики до идеално за со сандали за свечени настани.


Тоа е совршен летен фустан, и е многу популарен на „TikTok“ и на „Instagram“. Ако сакате да се облекувате женствено ќе се заљубите во него. 


Извор: teen385.dnevnik.hr


Објавена во: Мода // Must have

Можеби ќе ве интересира: