Пејачката ги обожува: Моментите на Ариана во мемиња

Пејачката ги обожува: Моментите на Ариана во мемиња

Објавена во: Stars // Музика

Ариана Гранде има огромна фан база, која се труди секој ден да прави интересни содржини во врска со нивната омилена пејачка. Разни едити, видеа и мемиња секојдневно се појавуваат на фан страниците, а и самата пејачка често знае да ги прокоментира на Инстаграм и Твитер. За вас издвоиме некои од највпечатливите мемиња кои нејзините обожаватели ги направија.

Во времето кога излезе албумот „thank u, next“, обожавателите беа особено креативни и со едити и со мемиња, а ние сметата дека овие два ги сумираат впечатоците од целиот албум.



Оваа година драмата околу Греми наградите за албум на годината беше прилично голема, бидејќи обожателите Били Ајлиш, Лана Дел Ред и Ариана дискутираа околу тоа кој реално заслужил да го добие Гремито. Обожавателите на Ариана се чувствуваа дека нивната милечничка го заслужи Гремито без никакви приговори, па своите фрустрации ги изразија преку мемиња.


Многу обожаватели беа шокирани и воодушевени што пејачката на својот концерт пееше песна од серијата Victorious, па така настаа шеги и за ова.


Не се сите обожаватели во можност постојано да ги следат активностите на Ариана на социјалните мрежи, па оваа девојка мораше да нагласи некој да ја известува кога пејачката ќе снима „лајв“.


Имено, прочуеното меме за миењето на рацете на Ариана, која и самата пејачка го прокоментира, мораше да се најде на оваа листа.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: