Пет митови за мозолчињата во кои мора да престанете да верувате
Акните се чест проблем особено кај тинејџерите чии хормони лудуваат и ги создаваат овие непријатни дамки по лицето. Постојат многу митови затоа што точно ги предизвикува акните, но и заблуди кои воопшто не се точни. Ова се најчестите 5 митови за настанувањето на акните во кои треба да престанете да верувате.
МИТ 1 - Само тинејџерите имаат проблеми со акните.
Ова е една од најголемите заблуди. Многумина од вас мислат дека акните и митесерите се само тинејџерски проблем. И возрасните имаат големи проблеми со акните на лицето, најчесто заради хормоналниот дисбаланс во организмот кој влијае на работата на жлездите.
МИТ 2 - Чоколадите предизвикуваат акни
Сигурно многупати сте слушнале дека чоколадата ги предизвикува овие болни црвенила по лоцето. Всушност не постојат никакви научни докази што ја потврдуваат оваа теорија. Исхраната е само дел од проблемите, па така слободно јадете си чоколади колку сакате – тие нема да ви создадат никаков проблем.
МИТ 3 – Потењето ја предизвикува појавата на акни
Ова е уште еден мит во кој веднаш мора да престанете да верувате. Всушност потните жлезди, не се како жлездите што произведуваат и лачат себум. Токму затоа потењето нема никаква врска со акните.
МИТ 4 – Истискувањето на акните помага при нивното лечење
Истискувањето и кинењето на акните е одвратна и нездрава навика која мора да ја избегнувате. Секој допир на акните може да предизвика инфекција и воспаление кое може да биде опасно за организмот. Освен тоа при секое истискување на акните може да ви останат белези од кои нема да може да се ослободите.
МИТ 5 – Акните настануваат од лоша хигиена
Еден од најголемите митови за акните е лошата хигиена. Всушност, пречестото миење и чистење на лицето нема да ви помогне да се ослободите од акните, туку може да го предизвика спротивното. Со пречесто миење кожата на лицето може да стане сува и да резултира со повторна појава на акни.