По два месеци љубов, Дуа Липа се одлучи за чекор напред во врската!
Дека е во врска со братот на познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, Анвар Хадид, најпозната пејачка од Косово, Дуа Липа, ги потврди гласините појавувајќи се со него на British Summer Time, каде што не ја криеја нивната љубов, а по два месеци започнуваат заеднички живот.
24 - годишната пејачка Дуа Липа и нејзинито 4 години помладо момче, манекенот Анвар Хадид се одлучија за нов чекор во нивната врска и тоа по само два месеци забавување. Парот ги изненади и своите најблиски со одлуката да започнат заеднички живот и наводно во изнајмен стан во Њујорк, а се поради набиениот распоред и желбата да бидат подолго време заедно.
Популарната пејачка наводно одлучила во Њујорк да го заврши својот нов албум, па поради тоа помалку време ќе поминува во Лондон.
„Дуа и Анвар го поминуваат своето слободно време заедно, па поради тоа и не изненадува тоа што одлучија да изнајмат стан. Кога е во Лос Анџелес таа престојува во неговиот стан, а во Лондон е тој кај неа, па ова е природна селидба. Дуа сега се враќа со нови хитови и поради тоа повеќе време ќе поминува во Њујорк, па логично е таму да и биде базата“ - откри извор близок на парот.