По филмот за Евровизија, Деми Ловато ќе снима документарец за својот живот
Евровизија на нашиот континент е убедливо омиленото музичко натпреварување, па затоа сите слободно можеме да потврдиме дека не може да се замисли една година без Евровизија и дека голем број обожавателите на овој настан беа тажни поради тоа што оваа година истата не се одржуваше. Во Америка за некои Евровизија и понатаму е „непознат збор“, но за Деми Ловато тоа не е така, особено сега по интересното искуство од снимањето на комедината за Нетфликс, која беше посветена на ова шоу.
Имено, филмот на Вил Ферел за Евровизија се вика „Eurovision Song Contest: The Story of Fire Saga“, а во центарот на вниманието е претставничката на Ислад, Катиана, чиј лик го игра Деми Ловато. Пејачката за шоуто на Кели Кларксон накратко раскажа како беше ова искуство за неа.
What exactly does an Icelandic pop star sound like? Find out more about Demi Lovato's character in her new movie #Eurovision today on the #KellyClarksonShow! @ddlovato pic.twitter.com/Bn9qirfWGZ
— The Kelly Clarkson Show (@KellyClarksonTV) June 25, 2020
„Искрено никогаш не ми одеа добро акцентите, но знаев дека ќе морам за овој филм да го пробам акцентот на Исланд. Кога дојдов на снимањето во Лондон сфатив, биже, ќе глумам поп ѕвезда на Исланд, морам да знам да зборува како нив и тоа беше комедија во потполна смисла на зборот. Дефитивно по ова за брзо време нема да ме видите како ѕвезда од тие простори.“ - се пошегува Деми.
„Евровизија е преубава, инспиративна и моќна“ - исто така порача Ловато.
За Деми доаѓа возбудлив „актерски“ период, бидејќи освен што излезе нејзиниот филм за Нетфликс, Јутјуб го најави и нејзиниот нов документарец, наречен „Demi Lovato“, кој ќе има четири дела и ќе ги покрие нејзините последни три години од животот.