Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ не ги заборава зборовите на Шабан Шаулиќ: Со него пееше кога имаше само 10 години (ВИДЕО)

Победникот на „Ѕвездите на Гранд“ не ги заборава зборовите на Шабан Шаулиќ: Со него пееше кога имаше само 10 години (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Титулата заврши во неговите раце девет години подоцна...

19-годишниот Нермин Ханџиќ од тимот на Вики Миљковиќ во саботата ја однесе победата во „Ѕвездите на Гранд“, а кога имаше само 10 години, имаше чест да ја подели сцената со Шабан Шаулиќ, кој уште тогаш му го предвиде овој триумф.


Сумирајќи ги впечатоците од овогодишната сезона, Нермин нагласи дека смета дека кариерата каква што имаше кралот на народната музика никој никогаш нема да може да има, и дека навистина му годат комплиментите кој тој своевремено му ги упати.

„Мислам дека повеќе никој никогаш нема да има кариера како покојниот Шабан Шаулиќ, но јас до крајот на животот ќе паметам дека на само 10 години пеев со него, токму на оваа сцена“ - истакна Нермин пред српските новинари, па додаде:

„И Саша Поповиќ во повеќе наврати споменуваше дека Шабан кажа дека јас сум најталентираното момче кое го слушнал во овој регион.“

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: