Подготвена е за светската сцена: Бресквица со новата песна ги руши сите рекорди - обожавателите се воодушевени

Подготвена е за светската сцена: Бресквица со новата песна ги руши сите рекорди - обожавателите се воодушевени

Објавена во: Stars // Музика

Тоа што е интересно е дека толку Анџела се потпишува на текстот, а учествувала и во компонирањето на самата музика за новиот сингл „Маска“.

Пејачката Анџела Игњатовиќ насекаде позната како Бресквица, ги израдува обожавателите со нов проект, песна која носи наслов „Маска“.

Нејзиниот нов сингл успеа да забележи завиден успех уште во првиот еден час по објавувањето и тоа во број од 100.000 прегледи, а за помалку од 24 часа успеа да се искачи на 9-тото место на трендинг листата на Јутјуб. Мометално нејзината нова песна има повеќе од 600.000 прегледи.

Бресквица им се заблагодари на поддршката на сите обожаватели, како и на соработниците кои работеа на песната, а она што е интересно е дека токму таа се потпишува зад текстот, но и учествувала и во компонирањето на музиката.

Дека обожавателите ова долго го очекуваа, очигледно е и по достигнатиот голем број прегледи и коментари на Јутјуб, како и на Инстаграм. Ова и не може да не изненади со оглед на тоа што миленичката на публиката пред шест месеци доживеа голем успех и со песната „Бон војаж“.

„Секоја чест, талент, убавина и спот - светски“, „Прекрасна си Бресквица, своја, поинаква“, „Девојката  е уметност, нејзниот глас е сѐ“, „Таа до следната година ќе биде подготвена за светската сцена, малата е вистинско изненадување“ - се само дел од позитивните коментари, а новата песна на Бресквица, која носи наслов „Маска“, слушнете ја продолжение:


фото: Инстаграм
Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: