Погледнете ја новата куќа од соништата на Бен Афлек и Џеј Ло: 24 бањи, 2 спални соби, 15 камини, теретана (ВИДЕО)

Погледнете ја новата куќа од соништата на Бен Афлек и Џеј Ло: 24 бањи, 2 спални соби, 15 камини, теретана (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Долго време бараа куќа од соништата, се шпекулираше дека купија неколку вили, но конечната одлука ја донесоа неодамна. Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек купија луксузна палата во Wallingford Estates во Беверли Хилс за која потрошиле 60 милиони долари, пренесува TMZ.

Куќата има 4273 квадратни метри со пет хектари градина. Се состои од 12 спални соби и 24 бањи, а вклучува спортска сала со терен за кошарка, теретана, боксерски ринг и бар.

Имотот има и пентхаус од 456 квадратни метри, двособна безбедносна куќа и гаража со 12 автомобили. Има и дополнителен паркинг простор кој може да собере 80 возила. Имотот првично се продавал за 135 милиони долари пред пет години, но цената се намалила со текот на годините. Минатиот месец куќата повторно билс ставена на продажба за 75 милиони долари, но славниот пар успеа да ја намали и таа цена.

Само една недела им требаше да го затворат договорот за новиот дом и веќе почнаа да се вселуваат. Еве како изгледа од внатре.



Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: