Помага за акни, белези, цвенило на кожата: Го купуваат поради видео на ТикТок
Една тиктокерка сними видео во кое ја покажа својата кожа пред и по користењето на едне производ, а оттогаш неговата продажба нагло порасна.
И додека постарите генерации не се толку запознаени со ТикТок, младите на оваа социјална мрежа поминуваат најмногу време, а нејзината популарност расте од ден во ден. Некои го прават тоа од забава, а други помагаат. Се снимаат различни мејкап трикови, но и рецензии за производи. Откако една корисничка под називот @kaelynwhitee објави видео во кое покажува како нејзиното лице изгледало порано, а како изгледа сега, настана хаос и масовна продажба на производот за кој кажа дека го користи. Станува збор за The Ordinary AHA 30% + BHA 2% киселина. Продажбата на овој производ нагло се зголеми, а за само две недлеи, забележена е продажба од над 52.000 парчиња од овој производ.
@kaelynwhitee #duet with kaelynwhitee Also helps with acne scars and uneven skin tone #greenscreen #AsGoodAsTheOG #touchdowncelebration #CleanFreshHype #fyp
♬ Like That - Doja Cat feat. Gucci Mane
Видеото има над половина милион лајкови, тиктокерката во него на едната половина ја покажала својата кожа каква што и била порано - имала акни на целото лице, а на другата половина како и згледа кожата сега. Овој производ има способност да ја намали неправилноста на кожата, нуди длабок пилинг за борба против видливите несовршености и дава сјај на кожата. Покрај тоа, ја подобрува и текстурата на кожата, вклучувајќи ја и борбата со белезите од акните.