Поради слика во костим за капење доби најстрашни навреди: Одговорот на Били Ајлиш го прераскажуваат сите

Поради слика во костим за капење доби најстрашни навреди: Одговорот на Били Ајлиш го прераскажуваат сите

Објавена во: Мода // Moj стил

Били Ајлиш избегнува тесна облека која и го нагласува телото и тоа го прави со цел да не предизвикува коментари на сметка на нејзиниот изглед и сексуалност, но по фотографијата во костим за капење сите ја нарекуваат со погрдни имиња.

По три месеци од оваа фотографија, таа си ја отвори душата: 

„Ги видов коментарите како на пример „Како се осмелува да каже дека не сака да биде сексуализирана, а потоа да го носи ова?!“ - рече Били за магазинот Dazed.

„Тоа беше тренд. Имаше коментари како „Не ја сакам повеќе, бидејќи што наполни 18 години стана...“. Не можам да го победам ова...“ - кажа Ајлиш, чии зборови на темата на своето тело се паметат и размислуваат и по неколку месеци откако ги изговори.

Имено, добитчката на Греми во мај 2019 година, во интервју за „Teen Vogue“ го прокоментира својот начин на облекување.

„Никој не може да даде мислење за моето тело, бидејќи немаат видено какво е. Никој не може да каже „таа е слаба - дебела“, „не е слаба - дебела“, „има рамен задник“, „нема рамен задник“... Никој не може да каже ништо од ова, затоа што не знаат“ - истакна тогаш Били.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: