Последната улога му беше во тин-серијата „Ривердејл“: Почина Лук Пери „тин“ ѕвездата од 90-тие!
Почина Лук Пери, ѕвездата од хит-серијата „Беверли Хилс“, пет дена по неговото хоспитализирање откако доживеа мозочен удар.
Пери има две деца, синот Џек (21) и ќерката Софи (18) од бракот со Рејчел Шарп, а публиката дефинитивно го памети како симпатија на сите тинејџерки во 90 – тите.
Последна одиграна улога му беше онаа во тинејџерската хит - серија „Ривердејл“.