Потребно ти е малку вода: Моден трик со кој хулахопките ќе ти траат вечно
Есента и зимата е период за носење хулахопки. Меѓутоа, ништо не може да не разлути повеќе од скинати хулахопки - а, често се случува тие да се скоро па нови. Меѓутоа, мора ли тоа да ни се случува? Имаме добри вести: со еден едноставен моден трик можеш да им го продолжиш животниот век на омилените хулахопки.
Трикот е следен: пред првото носење навлажни ги хулахопките со вода, а потоа стисни ги за вишокот вода да се изцеди. Потоа хулахопките - најдобро за време на ноќта - ставете ги во најлоска кеса и во замрзнувач. Следниот ден мора да ги оставите на собна температура за да се одмрзнат. Ефект: поради ладнотоа тие нема да се стеснат, туку ќе станат уште поеластични.
Што уште помага?
Внимавај кога ги облекуваш или соблекуваш со ноктите или накитот да не им направиш дупче. Освен тоа, хулахопките секогаш мора да бидат целосно облечени на стапалото пред да се повлечат нагоре. Тогаш всушност ништо не може да тргне наопаку.