Познатиот јутјубер новото милениче го храни од шише и спие со него во кревет: Чува ли некој друг вакво диво животно во стан?! (ВИДЕО)
Следбениците се воодушевени од овој потег на Јанко...
Јутјуберот Стефан Јанковиќ, попознат под прекарот Јанко, одлучи како домашно милениче да чува вистинско, мало лавче. Тој го третира на сосема посебен начин, па така на ТикТок покажа дека го храни со млеко од шише за бебиња.
Лавот живее во станот со Јанко, а тоа го одобруваат сите негови следбеници, иако е општо познато дека тоа не ми е природниот дом, туку дека му е дури мачење. На едно од своите видеа, познатиот јутјубер ја замоли публиката неговото видео да добие повеќе од 50.000 лајкови, доколку сакаат тој да продолжи со снимањето на секојдневниот со својот нов миленик.
@stefan_jankovic Kralj moj mali #janko original sound - Janko
„Супер што си купил лав“, „Браво Јанко, најдобар си“, „Одлично видео кралу“, „Секоја чест Јанко само така продолжи, се надевам дека ќе го задржиш и ќе направиш некое големо игралиште и дом за него!“, „Не може секој да има лав, само посебните луѓе. Браво Јанко, честитам“ - му напишаа во коментари воодушевите следбеници.
@stefan_jankovic Nisam reko da se šalim #janko #fyp I SAM ZNAŠ - Janko
Инаку, Јанко е познат по несекојдневните потези со кои го „купува“ вниманието на публиката. Така, на само 19 години, покажа дека си купил „Ферари“, а потоа со него возење низ градот побрзо од ограничувањата.
фото: Принтскрин / Јутјуб