Предупредување за новиот предизвик на ТикТок: Иако изгледа примамливо, немојте да го правите
Девојките полудеа за овој предизвик и ги објавуваат своите силуети, но можеби би ти било подобро веднаш да го избришеш тоа видеа, доколку го имаш објавено...
Никој не очекуваше дека еден обичен предизвик на ТикТок ќе стане волку проблематичен. Девојките ги објавуваат своите силуети, на видеата изгледаат женствено и секси, а манијаците на интернет го искористуваат тоа.
Еден од најголемите трендови на ТикТок оваа година засега е „предизвикот силуета“. Доколку го поминуваш времето на оваа апликација сигурно добро знаеш за што станува збор, а доколку не, накратко ќе ти објасниме. Имено, девојките споделуваат видеа во кои во преден план е силуетата на нивното тело, а на видеата ставаат филтер поради кој не се гледа ништо друго освен нивните црни силуети. Поентата е да се направи трансформација на изгледот од „невина“ до секси девојка. Трендот стана вирален.
@bbyieu wish u were here ##silhouette ##silhouettechallenge ##demon ##aesthetic ##asian ##transition ##kinktiktok ##thighs ##trending ##edgy ##foryou
Put Your Head On My Shoulder - Giulia Di Nicolantonio
@shannonbrousset Ci ho provato ##silhouettechallenge
Put Your Head On My Shoulder - Giulia Di Nicolantonio
Но, сега дојде предупредување до сите девојки да престанат да се снимаат и да ги отстранат видеата од својот профил. Луѓето пронајдоа начин како да ја искористат оваа можност и да видат повеќе од дозволеното. Поточно, постои начин како да се отстрани филтерот од видеото, поради што останува видеото во кое личноста е гола или полу - гола, што инаку не би се видело поради филтерот. Некои одат толку далеку што откако ќе го отстранат филтерот, ги објавуваат видеата на Интернет.
@kingasiarene ##silhouette ##red ##dojacat ##silhouettechallenge ##fyp
Put Your Head On My Shoulder - Giulia Di Nicolantonio
Затоа да се објавуваат вакви видеа не е паметно или доколку веќе сакаш да си објавиш имај на ум дека на себе треба да имаш доволно облека, бидејќи никогаш не знаеш до кој може да стигне твоето видео.