Причината е неверојатна: Детски хирург по секоја операција скалперот го заменува со фломастери

Причината е неверојатна: Детски хирург по секоја операција скалперот го заменува со фломастери

Објавена во: Живот // Живот

Завоите по операцијата, докторот ги украсува за децата да се плашат помалку. Д-р Роберт Пари сака на децата да им го разубави времето поминато во болница по операција.

Тој по скалперот, во раце зема фломастери и црта ликови од цртаните кои потоа ги става на завоите додека децата уште спијат по анестезијата. Кога ќе се разбудат помалку се плашат, бидејќи на оперираното место се наоѓа нивниот омилен лик од цртаните филмови, пишува британското Metro.

Од детската болница Акрон во Охајо каде работи овој доктор велат: „Тој наоѓа начин како белегот по операцијата да не биде едиствената работа по која децата ќе ја паметат болницата. Ги изненадува со цртеж од нивниот омилен лик од цртаните или со нешто друго што многу го сакаат“.

Пари во болницата работи од 2011 година, а има направено повеќе од 10.000 операции. Сака да ги црта ликовите на Дизни и логоата од спортските клубови, а за еден цртеж му се потребни околу 5 минути. Секој цртеж го изработува посебно за секој мал пациент.

На едно девојче нацртал ружа, а нејзината мајка рекла: „Бевме многу изненадени со овој гест на хирургот. Ружата е симбол на времето поминато во болница и целото искуство. Хирургот покажа колку му значи и тоа навистина не расположи“.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: